Немаме Резервна Планета
Програмата немаме резервна планета за првпат излезе на виделина во 1999 година како прв македонски изворен проект кој што создаде дидактички материјали за подигање на јавната свест и значењето на заштитата на животната средина .  Од тогаш па до денес, постојано се усовршува, развива, дополнува и во тој свој развиток се здоби со три нови димензии.

Прво, од пилот проект  кој се резлизираше само во неколку основни училишта прерасна во интерактивна, комплексна, едукативна програма која ги покрива сите градинки, основни училишта, средни училишта и ученички домови во Р. Македонија и која нуди едукација и целосна методологија за еколошко менаџирање на истите институции.

Второ, Универзалната применливост, усогласеноста со наставните програми, можноста за збогатување на постоечките наставни соджини и овозможи на оваа програма да си најде свое место во официјалниот курикулум во Република Македонија.

И трето, поради својот мултикултурен и не-политички карактер како и брзите и ефикасни резултати, истиот проект прерасна во Интернационална програма која како прв македонски изворен проект успеа да излезе од границите на Р. Македонија и да го прошири своето поле на делување и надвор од нашите граници.

Од Немаме резервна планета до
„Интеграција на Еколошкото Образование во Македонскиот Образовен Систе во Република Македонија“


Oд декември 2009 година Министерството за образование и наука врз основа на Заклучоци од Владата на Република Македонија за:
a)Подигнување на степенот на еколошките активности во градинките и училиштата од основно и средно образование;
б) Вклучување на теми од екологија и животна средина во наставни програми по соодветни предмети;
в) Развој на нови медиумски производи за учество на учениците во процесот на еколошкото образование.
потпишува Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и ја спроведува Програмата Немаме резервна планета под ново име „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Главната цел на Програмата е успешно спорведување на теоријата во дневната пракса при работа на воспитно-образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само за градинките и училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министeрството за образование и пошироката јавност. За успешна реализација на Програмата која доведува до конкретни и мерливи резултати потребна е соработка и инволвирање на сите институции, невладини организации, медиуми и поединци кои се вклучени во воспитно- образовниот процес.